Се распрснаа лагите на СДСМ за хидроелектраните на Мицковски

Наспроти тврдењата на СДСМ за постоење конфликт на интереси, Државната Комисија за спречување на корупцијата констатира дека Христијан Мицкоски бил именуван за советник на премиерот дури девет месеци по објавата на одлуката за избор на најповолна понуда за доделување на концесија, односно дури една година по назначувањето за член на Надзорниот одбор на АД ЕЛЕМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

717

ВМРО-ДПМНЕ денеска ја објави Одлуката на Атникорупциската комисија со која се потврди дека нема никаков доказ дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски извршил било каква злоупотреба при стекнување на концесии за стопанисување на мали хидроцентрали.

„Од обезбедените документи и даденото објаснување, видно е дека во периодот на носење на одлуката за избор на најповолна понуда по Јавен повик за прибирање на понуди за доделување на концесија за користење на вода за изградба на 80 мали хидроцентрали, Христијан Мицкоски немал никаков ангажман од страна на Владата на Р.М., ниту пак имал некаква функција во АД ЕЛЕМ” стои во образложението на одлуката на Атникорупциската комисија, објавена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Наспроти тврдењата на СДСМ за постоење конфликт на интереси, Државната Комисија за спречување на корупцијата констатира дека Христијан Мицкоски бил именуван за советник на премиерот дури девет месеци по објавата на одлуката за избор на најповолна понуда за доделување на концесија, односно дури една година по назначувањето за член на Надзорниот одбор на АД ЕЛЕМ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ова, според ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека СДСМ, Зоран Заев и неговата скапо платена пропагандна машинерија  денес се најголемиот извор на лажни вести.

– Повеќе од една година СДСМ отворено дрско лажеше и безочно манипулираше со јавноста. 8 државни институции секојдневно проверуваа документации, и сите до една констатираа дека нема ништо спорно. Станавме држава во која Владата стана фабрика за лажни вести со кои секојдневно ја убива вистината. Но кога фактите се стопроцентни на страната на вистината, лагите паѓаат – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение текстот на Ослуката на антикорупциската комисија:

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...