Во врска со смс пораката која обвинителката за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска ја испрати до судиите на Апелациониот суд, министерката за правда, Рената Дескоска, во емисијата на Канал 5 телевизија вечерва изјави дека функцијата не и дозволува да ја коментира.
– За жал, функцијата мене не ми дозволува да ги коментирам одлуките на судиите и обвинителите, како и нивните коментари, но треба да имаат дијалог за спроведување на правдата. Она што е отворено како сомневање во надлежност на Јавното обвинителство е да се испита и процесира, нема потреба ние тоа како Министерство за правда да го коментираме. Ако има сомневања за криминал и корупција, мора да се процесира, нагласи министерката Дескоска.