Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски одигра одличен натпревар за Палермо, кој го совлада Авелино со 3:0 во 37-то коло од италијанската Серија Б.
Првиот гол за Палермо го постигна Игор Коронадо од пенал во деветата минута, а Антонио ла Гумина го зголеми водството на 2:0 по асистенцијата на Трајковски.
Македонскиот фудбалер реализираше гол од пенал во 73 минута и ги постави конечните 3:0 за клубот од Сицилија.
Палермо ја прекина серијата од четири натпревари без победа.