Српската престолнина Белград е избрана да биде домаќин на Светското првенство во атлетика во сала, кое треба да се одржи во март 2022 година.
Ова ќе биде голем настан со повеќе стотици спортисти од 200 различни земји. Одлуката за Белград да биде домаќин, беше донесена денеска во Монте Карло.
Во 2017 година, во Белград беше организирано Европско првенство, па Србите и нивната атлетска федерација веќе имаат искуство. Од градот Белград истакнаа дека таму има веќе над 100 хотели, а пред шест години биле речиси двојно помалку, па нема да имаат проблем со сместување на сите учесници и гости.