Ловџија од Студеничани застрелал двајца другари со ловна пушка

544
Фото: МВР

Завчера околу 17.00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје биле донесени две лица. По преземени мерки утврдено е дека станува збор за лицата Н.М.(32) од с.Морани, скопско, и Н.Ф.(44) од с.Дејковец, општина Зелениково. Двајцата повредени, во разговор со полициски службеници, изјавиле дека биле повредени со ловна пушка, од нивниот другар Т.Ш.(34) од с.Студеничани, скопско, околу 15.00 часот во близина на с.Дејковец, додека ловеле диви свињи. Со Т.Ш. бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...