Никој не може да му одолее на мирисот на печениот костен кој се шири низ улиците во есенските денови. Толку енергија, витамини, скроб во толку мало тело, ќе воскликнат гурманите пред ароматичниот печен костен. Станува збор за драгоцено овошје кое двојната обвивка го штити од пропаѓање. Но, кога ќе се спомнене костенот, многумина и покрај прекрасниот вкус, се замислуваат поради својата линија. За среќа, повеќето луѓе грешат сметајќи го костенот за висококалоричен производ.
Костенот е особено делотворен против анемијата бидејќи е одличен извор на железо, а бидејќи лесно се вари, им се препорачува на оние кои страдаат од гастроинтестинални заболувања.
Нутриционистите го препорачуваат во исхраната особено за време на диета. Костенот ги надоместува истрошените енергетски залихи во телото, овозможува сигурен внес на висококвалитетни минерали, дава сила и потребна цврстина на мускулите, го зајакнува имунитетот и делотворен е во борбата против анемијата.
Може да се јаде свеж, варен, пече, пржен, како пире или во форма на брашно за приготвување слатки. Треба да се консумира само кога е сосема зрел, добро варен или печен. При неговото консумирање, треба да ви биде единствено јадење, односно избегнувајте ги комбинациите со друга храна за полесно да се свари.