Заев за Франс-прес: Никогаш поблиску до решение со Грција, неуспехот нема да значи крај на светот

613

Македонскиот премиер Зоран Заев изрази уверување дека земјата никогаш не била поблиску до постигнување решение за спорот со Грција околу името.

Тој во изјава за агенцијата Франс прес, додаде дека евентуалниот неуспех „не би значел крај на светот“.

– Верувам дека никогаш не сме имале подобри околности за постигнување целосно решение, кое ќе трае засекогаш – нагласи Заев, додавајќи дека доколку „спорот не се реши, тоа нема да значи крај на светот“.

Премиерот Заев истакна дека Македонија ќе ја продолжи „европската програма на овој или на оној начин“.

Македонскиот премиер изјави дека голем дел од спорот околу името на Македонија е решен, но не сака да открие детали од преговорите, бидејќи „тоа може да го загрози процесот“.

Македонија неодамна од Европската комисија доби препораки за отворање пристапни преговори за членство во ЕУ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...