МО: Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво

2063

Министерството за одбрана најстрого осудува секаков обид за сексуално вознемирување, се вели во реакција на МО откако попладнево МВР информира дека вработена во македонската армија пријавила во СВР Куманово дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков.

Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19,20 часот, го пријавила  вработената во АРМ.

„Сексуалното вознемирување во Армијата е апсолутно недозволиво. Случајот се испитува и доколку се докаже министерството ќе има нулта толеранција. Никој не смее да помисли да ги вознемирува припадничките на Армијата и да го намалува угледот на Армијата“ вели МО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...