Кристијан Бејл ослабел 35 кг: Повеќе нема да ја менувам тежината заради улога!

- Постојано повторувам дека завршив со тоа, но сега навистина мислам дека завршив - реко Бејл.

784

Британскиот актер Кристијан Бејл (45) се истакна во филмскиот свет со својот талент и бројните, понекогаш опасни трансформации. Сепак, сега тоа е зад него. Тој одлучил дека ќе престане постојано да се дебелее или да слабее за улогите.

– Постојано повторувам дека завршив со тоа, но сега навистина мислам дека завршив – реко Бејл.

За најновиот филм „Ford Vs. Ферари“ изгуби 35 килограми за улогата на возачот Кен Мајлс. Неговиот колега Мет Дејмон (49) е воодушевен од неговата трансформација.

„Се забавував кога го гледав. Тој има дисциплина на монах затоа што се трансформира од Дик Чејни во овој лик. Тој мораше да изгуби 35 килограми“, рече Мет.

Иако шегувајќи се постојано зборувал дека здебелувањето за улогата на Чејни е лесно, тој сепак рекол дека тоа било тежок процес.

– Очајно е. Грозно е. Ако ги губите килограмите, нема ништо друго освен да одите во кревет гладни и да се чувствувате очајни. Дебелеењето е друга крајност. Вие целосно ја губите дисциплината и се прејадувате како луди. Морам да престанам затоа што не е здраво за моето тело. Јас сум во четириесеттите години и ќе биде опасно ако не станам повеќе свесен за сопствената смртност – рекол Бејл.

 

ФОТО: Инстаграм/Принтскрин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...