Ким Кардашијан на удар на критики: Носиш чевли од 1.000 долари, а палецот ти испаѓа! ФОТО

Прстите на нозете изгледале како да се борат со тие ремчиња, а палецот непријатно сртчел.

1872

Старлетата Ким Кардашијан (39) се појавила на доделувањето на наградите „Американски инфлуенсери“, за да му ја врачи наградата за уметнички достигнувања на својот долгогодишен визажист Марио Дедивановиќ (36).

Како и обично, Ким го „пленела“ вниманието со својот изглед, но дел од нејзината модна комбинација ги изненадил нејзините следбеници на социјалните мрежи.

Ким се појавила во тесен црвен фустан на „Диор“ со длабок изрез од страната, но она што „украло“ најмногу внимание биле нејзините чевли кои очигледно биле мошне неудобни. Проѕирните сандали со необични ремчиња и црвени потпетици изгледале како силно да ѝ ги притискале нозете. Додека пак, нејзините прсти изгледале како да се борат со тие ремчиња, а палецот непријатно сртчел.

Го уништила прекрасниот фустан со тие сандали“, „Чевли од 1.000 долари, а нејзе палецот ѝ испаѓа надвор“, „Ова е вознемирувачко да се гледа“ – се некои од коментарите на корисниците на Твитер, каде што Ким објавила фотографии од доделувањето на наградите.

TV

FOTO: Tviter/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...