Фудбалскиот клуб Ливерпул подели над 5.000 летоци во предградието на Ливерпул, Енфилд, со повик да учествуваат во дискусиите за проширување на стадионот на клубот.
Дебатата ќе трае неколку дена на „Енфилд“ од 29 ноември до 4 декември. Клубот, исто така, ќе лансира и онлајн центар каде ќе можат да се видат понудите за реконструкција.
Претходно беше објавено дека Ливерпул планира да го зголеми капацитетот на арената од сегашните 54.074 на повеќе од 60 илјади места.