Зошто „Бјело дугме“ стави гола девојка на албумот, а кога дознало нејзиното момче, направило ужасна работа ФОТО

Несекојдневна фотографија на плочата во времето на поранешна Југославија предизвикала големо внимание во јавноста.

1689

Пред 45 години на 18 ноември групата „Бјело дугме“ го објавила својот прв студиски албум со име „Кога би бил бело копче“. Несекојдневна фотографија на плочата во времето на поранешна Југославија предизвикала големо внимание во јавноста.

Сараевскиот фотограф Драган С. Стефановиќ бил еден од првите дизајнери на фотографии за плочи на просторот на поранешна Југославија. Првата таква фотографија била за првиот албум на една од најголемите рок групи во поранешна Југославија.

Стефановиќ бил пријател од детството на Горан Бреговиќ.

На почетокот на 70-те години го ангажирале и групите „Амбасадори“ и „Индекси“, а подоцна станал познат по популарната фотографија од женските гради.

Легендата вели дека старите Белграѓани масовно влегувале во белградските книжарници каде што плочата се продавала, со зборовите: „А, каква ви е оваа култура на излогот?“, додека пак Стефановиќ во повеќе интервјуа ја прераскажувал анегдотата во која момчето на девојтака од фотографијата го „бркал“ низ Радио Сараево само за да го праша дали ја познава неговата девојка и дали е вистина дека таа е на фотографијата. Бидејќи Стефановиќ му кажал дека тоа е таа, момчето ѝ удрило шлаканица и му се заблагодарил на фотографот.

Стефановиќ бил доследен на еротизација на албумите правејќи ги во манир на поп арт или пак со сликарски детали. Голем успех постигнал и со втората фотографија за плочата на „Бјело дугме“ на албумот „Што би дал да си на мое местo“, на кој бил задникот на една девојка додека обвивката „Битанга и принцезата“ – што требало да биде удар на женска нога во меѓуножјето на маж во бел костум бил цензуриран од „Југотон“.

Се зборувало дека бендовите прво му ги пуштале демо снимките на Стефановиќ за да добие инспирација бидејќи бил познат по долгата и самостојна работа.

FOTO: Printskrin/Fejsbuk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...