Повик за Награда за човекови права во бизнисот

59

Отворен е повик за Награда за човекови права во бизнисот. На повикот може да учествуваат правни субјекти кои работат три години во земјава, односно имаат регистрирано правно лице минимум 3 години пред објавата на повикот.

– Почитувањето на човековите права е обврска на сите сопственици на бизниси менаџери(-ки) и вработени. Трагаме по посветени компании со позитивни практики за унапредување на човековите права во деловната средина. На овој начин, ја поттикнуваме усогласеноста на бизнисите со водечките принципи за бизнис и човекови права на ОН и целите за одржлив развој. Ги повикуваме сите компании кои сметаат дека се пример за други да се пријават за награда – велат организаторите.

Сите информации и документи се објавени на: http://konekt.org.mk/nagrada-javenpovik/

Како и до кога да се пријавите? 

На konekt@konekt.org.mk најдоцна до 02.12.2019год. пратете:

– Пополнет формулар за пријава и изјава за веродостојност;

– Документација и линкови за поткрепа (по избор);

– Тековна состојба од Централниот регистар. 

Компаниите при пополнување можат слободно да се консултираат и да добијат насоки од Конектна konekt@konekt.org.mk или 02/ 3224 198.

Настанот на кој ќе се доделуваат наградите ќе се одржи на 11.12.2019 год. 

Активностите се одвиваат во рамки на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Бизнис конфедерација и во соработка со „Mрежатa на Глобалниот договор на ОН во Северна Македонија“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...