Дескоска за пораката на Русковска: Не смеам да коментирам, но тоа е прашање на личен вкус

515

Министерката Рената Дескоска, не сакаше да ја коментира СМС порака на обвинителката Вилма Русковска кон судија на Апелацискиот суд Скопје во која таа вели дека „ќе ги извади од гаќи со финансиска истрага судиите ако ја пуштиле од притвор Катица Јанева“.

– Од позиција на министер на правда не смеам да коментирам судиски одлучи, случаи ниту пак изјави. Генерално гледате што се случува во судството и обвинителството и мислам дека веќе сите се свесни дека и кај нив треба да се случуваат реформи. Начинот како тоа ќе се изрази е веќе прашање на личен вкус – изјави министерката.

За пораката на Русковска вчера имаше и итен колегиум во Апелација од каде испратиле известување и до републичкиот обвинител Љубомир Јовески и до Советот на јавни обвинители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...