Советот на јавни обвинители ќе ја повика обвинителката Вилма Русковска да даде отчет за своето однесување. Ова за Телма денеска го потврдил претседателот на советот Ацо Колевски кој не сакал да го каже ставот за преписката на Русковска со апелационите судии.
Колевски добиле допис од Апелација, но вели дека треба да се слушне и другата страна.
Обвинителката Вилма Русковска во СМС порака им се заканила на судиите од Апелација со детална финансиска истрага, откако тие одлучија затворскиот притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, да биде заменет со домашен.