Британската полиција го бара мистериозниот хуманитарец кој остава пликови полни со пари во една градска улица во малото место Блекхол Колијери на северот од земјата.
Непознатиот човек парите ги остава од 2014 година. На почетокот на оваа недела пронајден е плик со 2.000 фунти. од почетокот на годинава тоа е четврти плик, односно 13. во пет години.
Полицијата во рамки на истрагата зела и отисоци од прсти од банкнотите, но и покрај сите напори не можат да го откријат идентитетот на сопственикот на парите. Детектив Џон Форстер рече дека случајот останува мистерија.
– Ги поздравуваме сите информации кои ќе ни помогнат во расветлувањето на овој случај. Сè би можело да биде дело на филантроп – рекол Форстер и додал дека им се заблагодарува на граѓаните кои ги пронашле парите.
Парите ќе останат во полициска станица две недели, а ако дотогаш сопственикот не се јави, ќе биде предаден на лицето кое го нашол пликот.