Путин: Без гас ќе одиме назад во пештери

386

Претседателот на Русија, Владимир Путин, остро ги критикуваше европските повици за намалување на потпирањето на природниот гас како извор на енергија, нагласувајќи дека таквите идеи би можеле да предизвикаат луѓето повторно да живеат во пештери.

На прашањето што мисли за повиците од Европа за намалување на употребата на гас, во кои Европа е многу зависна од Русија, Путин на инвестициски форум во Москва рече дека според него „презирот кон таков чист јаглеводород како гасот е апсолутно чуден“.

– Кога луѓето ќе дојдат до такви идеи, мислам дека ја отвораат вратата за враќање на човештвото во пештерите – рече Путин.

Рускиот претседател додаде дека на сегашното ниво на технолошки развој, човештвото без јаглеводороди, нуклеарна енергија и хидроцентралите едноставно не можат да преживеат и да ја зачуваат цивилизацијата.

Тој ја пофали интензивната употреба на природен гас и хидроенергија во Русија, која, како што рече, има енергетски баланс и е „една од најзелените во светот“.

Фото: EPA-ALEKSANDER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...