Популарниот готвач Џејми Оливер почнал со отворање нов синџир ресторани само шест месеци откако неговата компанија банкротираше. Два нови ресторани во југоисточна Азија, на Бали и во Бангкок.
Новиот синџир кој ќе биде во средната класа ќе се вика „Џејми Оливер кичен“ и делумно ќе биде инспириран од локалната кујна.
„Џејми Оливер груп“ која управува со 70 ресторани на 27 пазари ќе го отвори ресторанот „Џејми Оливер кичен“ денеска (21 ноември) на Бали и 28 ноември во Бангкок. Групата планира да отвори уште 19 ресторани пред крајот на наредната година.
Оливер во мај објави дека неговата компанија во Велика Британија оди во стечај. Групата вклучува синџир на италијански ресторани. Пред неговиот синџир на ресторани во Британија да замине во стечај, Оливер заработи милиони фунти со неговата работа само минатата година.
Сепак, на крајот го призна поразот преку нешто што го нарече како „совршено невреме“, односно комбинација од растот на рентата, платата, трошоците на набавките на храна и последиците од Брегзит.