МВР за една ноќ казнило 248 пијани возачи ВИДЕО

640

Министерството за внатрешни работи синоќа од 23 до 5 часот изутрина спроведе акциски контроли на подрачјето на СВР Скопје со цел откривање и санкционирање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира дека вкупно се контролирани 1.234 возачи.

-726 возачи се алкотестирани и кај 248 од нив е утврдено присуство на алкохол над дозволеното. Констатирани се и други 252 прекршоци – рече Ангеловски.

Тој најви дека Министерството за внатрешни работи ќе продолжи со вакви акции и во наредниот период, особено на територијата на Скопје.

– Набавени се нови 80 дрегери за проверка на алкохол кај возачите. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата – рече Ангеловски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...