Идната претседателка на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, има порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција на европскиот пат, дека стои зад нив.
– Ние го делиме истиот континент, историја, култура и сме во исто политичко семејство. Ве уверувам дека стоиме покрај вас, без оглед на сите процеси. Ние стоиме покрај вас и сакаме да бидете што е можно поблиски до нас – нагласи таа на Конгрес на ЕПП во Загреб.
Таа додаде дека националистите и популистите нема да го уништат европскиот начин на живот, како што се нарекува и еден од ресорите во нејзината нова комисија.
– Нема сомнение каков е европскиот начин на живот. Никогаш нема да дозволиме националистите и популистите, кои сакаат да предизвикаат поделба и да ја уништат ЕУ, да ни го земат нашиот европски начин на живот – рече Фон дер Лајен на конгресот на Европската народна партија.
ФОТО: EPA / PATRICK SEEGER