Георгиевски: Сакав и лично да го тужам СЈО, но адвокати ми рекоа „ќе ти извадат приватни муабети, па ќе се чудиш“

Eкс премиерот се сомнева дека во десетина предмети има рекетирани луѓе, а рече дека за 10 или 15 функции може да бидат донесени луѓе од проверени држави, однадвор, за да се воведе ред во земјата.Смета дека дел од истрагите на СЈО биле искористени за земање рекет.

12189
FOTO Prinstskrin

Поранешниот премиер, Љупчо Георгиевски, во интервју за Тeлевизијата 24 вести вечерва изјави „во судството има многу големи дискрепанци, правди, неправди…“., а дека, најверојатно, имаме проблем и со законите.

Георгиевски рече дека за 10 или 15 функции може да бидат донесени луѓе од проверени држави, однадвор, за да се воведе ред во земјата.

Toj мисли дека дел од истрагите на СЈО биле искористени за земање рекет.

– Јас лично сакав да го тужам СЈО, но некои адвокати ми рекоа „ќе ти извадат приватни муабети, па ќе се чудиш“. Постоеше тоа дека не смее да се чепка со СЈО – вели Георгиевски за случајот „Поштенска банка“.

Eкс премиерот се сомнева дека во десетина предмети има рекетирани луѓе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...