Шилегов и Трајановски со „весела математика“: Ако за осум години сте реконструирале 22 километри, јас за две години реконструирав 15

На крајот на вечерашната емисија, водителката Мирјана Василева откри дека еден од соговорниците, побарал емисијата пократко да трае, но не откри кој тоа го предложил - Шилегов или Трајановски.

3193
FOTO Printskrin

Тешко на градот кој што три години прави проект… Ако вие за осум години сте реконструирале 22 километри, јас за две години сум реконструирал 15 километри, му кажа вечерва градоначалникот Петре Шилегов на поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, која предмалку заврши.

На крајот на вечерашната емисија, водителката Мирјана Василева откри дека еден од соговорниците побарал емисијата пократко да трае, но не откри кој тоа го предложил – Шилегов или Трајановски.

Трајановски категорично возврати за реконструкцијата – дека тоа не е точно и оти тој за две години реконструирал 18.3 километри, а Шилегов 14.8 километри.

– Кога Ве пуштаат вака на емисии, кога сте одлучиле да дојдете во емисија, барем требало да ви кажат, или да ја пратат состојбата. Ако ја пратите состојбата, ќе знаете дека овој град има изградба на тунели под Кале, во оментов се цртаат тунелите. Има електронска лицитација утре за проширување на „Пластичарска улица“. Пред Нова година ќе почнеме со ширење на улицата, требало да Ви кажат. Вие како човек што го водел градот скоро девет години имате елементарно непознавање – рече Шилегов.

Тој додаде:

– Ако ние сме извршиле модификација на инфраструктурниот дел, имаме постапка за изведба, сега постапка за изведувач. Втората работа што треба да ја знаете, е дека се цртаат изведбените проекти за продолжение од „Пластичарска“ до касарна Илинден. Во мај месец влегуваме во изградба – најави Шилегов.

Трајановски му одговори дека е возрасен човек и не треба никој да му дозволи да се појави на емисија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...