Паднаа првите надмудрувања и обвинувања во вечерашната емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, во којашто се одвива дуел помеѓу актуелниот и поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов и Коце Трајановски, кој е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Господине Шилегов, бидете среќен што сте градоначалник по мене, т.е. во 2017 година. Да бевте градоначалник 2009-та година, да имавте јавни претпријатија кои што должеа 18 милиони евра. Да го имате едно ЈСП кое што нема исправен автобус или автобус помлад од 25 години, да имавте комунална хигиена со 5 до 6 стари автобуси, постари од 25 години, да имавте паркови и зеленило кое што нема една до две косилки на пунктовите, во тој случај јако ќе се замислевте како да работите понатака, истакна Трајановски.
Трајановски додаде дека долговите беа од неисплатено ДДВ кое што Социјалдемократскиот сојуз од 2002 до 2004 година го воведе и за комуналните работи. И нормално јавните претпријатија не ги плаќа бидејќи гледаат плата да поделат. Му се има случувано 2009/2010 година да директорот на УЈП да доаѓа во ЈСП, да доаѓа во Комунална хигиена и да запленува возила бидејќи должеле на државата, поради ДДВ кое што го воведе СДСМ.
– Наследивме јавни претпријатија коишто беа хендикeпирани, неопремени, неорганизирани, нагласи Трајановски.