Европската вселенска агенција предупредува на „турканици“ во вселeната

Многу отпад има од тамошните вселенски бродови, рече Рајтер на форумот посветен на работата на всeленските летала во германскиот град Бремен, пренесе Хина.

100

Европската вселенска агенција  предупредува дека во Земјината орбита има голема „турканица“ и дека за да се избегнат судири или оштетувања на сателити се почесто мораат да се прават маневри, предупреди координаторот на ЕСА, Томас Рајтер.

Покрај предупредувањето дека Земјината орбита е полна со различен отпад, Рајтер кажа и дека „состојбата значително се влошила во изминатите неколку децении и дека проблемот ќе продолжи драматично да се размножува“.

-Многу отпад има од тамошните вселенски бродови, рече Рајтер на форумот посветен на работата на всeленските летала во германскиот град Бремен, пренесе Хина.

Рајнер предупреди дека е успешно лансиран сателит што ќе доведе до радикална промена на глобалниот пристап до интернетот, но не објасни за каква промена станува збор.

Вест е и дека Русија досега во орбитата лансирала рекордни 37 сателити, додека Индија лансирала 31 сателити во вселената.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...