Ученици од Куманово тепале соученици, и со метална палка, во двор на училиште

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“.  На 5 ноември годинава, во двор на училиште во кумановско село, пријавениот физички нападнал 13-годишен малолетник и му нанел тешка телесна повреда.

438

Малолетник од Куманово повредил тинејџер во училишен двор. Во друг одделен случај, малолетници и еден осумнаесетгодишник извршиле насилство во двор на средно училиште, информира денеска кумановската полиција.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против 14-годишен малолетник поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка телесна повреда“.  На 5 ноември годинава, во двор на училиште во кумановско село, пријавениот физички нападнал 13-годишен малолетник и му нанел тешка телесна повреда.

Кумановската полиција поднесе кривична пријава и против Ш.Р. (18), еден 17-годишен и еден 16-годишен малолетник, сите од село Отља, Општина Липково, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „насилство“. Пријавените, на 31 октомври годинава, во двор на средното училиште во Куманово физички го нападнале А.И. и со метална палка му нанеле тешки телесни повреди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...