Судијката Димишкова дала исказ во обвинителството, новинарите не ја „уловија”

Димишкова е судијка на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје, а нејзиното име се споменува во снимките за Рекет кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита од разговор меѓу сега обвинетиот Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев.

1089

Со саати новинарските екипи околу зградата на Апелацискиот суд, во која е сместено и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ја чекаа судијката Весна Димишкова да излезе од обвинителството.

Таа утрово околу еден час пред закажаниот термин – 10 часот, пристигнала да даде исказ за, спред неофицијални информации,  случајот Рекет. Не е познато во кое својство е повикана. Според нашите информации таа со давањето исказ завршила нешто пред 12 часот, но и до 15.30 часот попладне новинарските екипи кои беа распоредени кај трите влеза на зградата не ја забележаа да го напушти обвинителството.

Димишкова е судијка на претходна постапка во Основниот кривичен суд во Скопје, а нејзиното име се споменува во снимките за Рекет кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита од разговор меѓу сега обвинетиот Бојан Јовановски и бизнисменот Орце Камчев.

Инаку, таа е судијката која на ексшефицата на СЈО и ја одобри наредбата за претрес во УБК, како и за во станот на Коста Крпач.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...