Јелена Розга (42) летово ужива во љубовта со 12 години помлад белграѓанец, според хрватските медиуми, за кого не сака да зборува во јавноста, а како што наведува покрај него е неизмерно среќна, пишува „Стори.рс“.
Станува збор за белграѓанец кој се занимава со консалтинг, а кого Јелена го запознала преку заеднички пријатели ова лето.
– Разликата од 12 години не им предизвикува никаков проблем, тој е многу добар кон неа, се грижи за неа 100 отсто. После Стјепан Хаусер, кој беше лош кон неа, ѝ беше повеќе од потребна маж кој е потполна спротивност од него – навел извор за овој весник.
– Јелена не сака да ја изгуби приватноста и среќата што ги има покрај тоа момче. Веднаш на почетокот, таа го замоли да не открива по секоја цена дека е со неа. За нив знаат само нивните најблиски пријатели и сигурно нема да биде подготвена некое време јавно да истапи и да каже дека е вљубена во многу помлад маж. Сепак, тие планираат заедничка иднина и прашање на време е кога ќе мора да ја откријат врската – изјавил извор за магазинот.