Деца врзани за радијатори и кревети, случајот во Босна ги растажи сите (ВИДЕО)

1139

Фотографии од деца врзани за мебел и радијатори ја растажи јавноста во регионот. Пратеничката во Парламентот на Босна и Херцеговина, Сабина Кудиќ на денешната прес-конфереција зборуваше за тоа како се третирани штитениците во Заводот за згрижување на ментално инвалидни деца и младинци во Пазариќ.

Како што пренесува Клих.ба, така врзани, многумина го минат поголемиот дел од денот, па и ноќта, а тоа доведува до нарушување на нивната физичка и ментална состојба.

Кудиќ рече дека децата и сами ги подаваат рацете за да бидат врзани, оти навикнати се на тоа.

– Оваа состојба може да се нарече модерно ропство – вели таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...