Јавното обвинителство се огради: Реакцијата на Русковска е израз на разочарување

2054

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија соопшти дека ги следи реакциите по донесената одлука на Апелациониот суд Скопје за замена на мерката притвор со куќен притвор за обвинето лице во случајот „Рекет“.

„Како единствен државен орган кој е надлежен за кривично гонење и се грижи за законитоста на кривичниот прогон, јавното обвинителство нагласува дека ги почитува судските одлуки и не се меша во работата на судската власт.

Реакцијата на надлежниот јавен обвинител во предметот треба да се разбере како израз на моментално разочарување, по сознанието за донесената одлука во предмет во кој по опсежна предистражна и истражна постапка и поднесено обвинение, очекува судска разрешница“, се наведува во реакцијата од Јавното обвинителство.

Јавното обвинителство наведува дека во извршувањето на функцијата ја заштитува законитоста и се залага за почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот, принципот на владеење на правото и во таа насока обвинителството ќе ја продолжат соработката со надлежните институции и судски органи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...