Во Загреб акција „Свирни за образованието“

61

Непосредно пред почетокот на изборниот конгрес на Европските народни партии (ЕПП) во Загреб, вработените во образованието кои се во штрајк ќе извршат акција „Свирини за образованието“ на сите раскрсници од хотелот „Шератон“ до местото на одржување на Конгресот, спортскиот центар „Арена“.

Наставничкиот кадар за утре најави протест во тишина пред зградата на Владата.

Синдикатите на основните и средните училишта, кои денеска стапија во генерален штрајк до исполнување на нивните барања, одржаа состанок со министерката за образование Блаженка Делиќ. Но, синдикатите не го прифатија нејзиниот предлог за организирање на настава, наведувајќи дека тие сакаат да го решат проблемот, но дека тоа не го сакаат Владата и премиерот Андреј Пленковиќ.

Хрватската Владата според понуди зголемување на основата за плата за 6,12 проценти следната година, изработка на анализа за плати во јавниот сектор, која исто така вклучува и коефициенти, и договор за додаток на плата од два процента, доколку владата не измени регулатива за коефициент до 30 јуни. Но, владината понуда беше одбиена минатата недела од синдикатите кои најавија дека ќе продолжат со штрајкот до исполнување на нивните барања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...