Основниот кривичен суд во Скопје не им даде времени пасоши на Орце Камчев и Цветан Панделески осомничени во случајот Империја.
Пред судот да донесе одлука, прво мислење даде обвинителката Лиле Стефанова која исто така не се согласи тие да добијат пасоши.
Камчев бараше продолжување на времениот пасош поради службени патувања, додека Панделевски за лекување.
Претходниот пасош Камчев го доби со согласност на поранешната специјалната обвинителка Катица Јанева и тоа во периодот за кој се однесува првата истрага во „Рекет“ каде е Обвинета ексшефицата на СЈО.