Алијансата за Албанците остро реагира на одлуката на Апелацискиот суд, кој ја прифати жалбата на поранешната обвинителка Катица Јанева, дозволувајќи да биде во куќен притвор. Нагласуваме дека имало десетици случаи на албански затвореници во политички монтирани случаи, против кои истиот суд одби да ја изрече мерката куќен притвор, велат од АА.
– Потсетуваме дека Апелацискиот суд неправедно одлучи и за случајот на Фета Алими, при што повеќе пати беше одбиено барањето на одбраната да го ослободи Алими од притвор во куќен притвор. Ова е нашиот правосуден систем кој често работи со двојни стандарди, што е истовремено и најтемната дамка на нашето општество. Овој правосуден систем, заедно со државната полиција која не успеа да го спречи бегството на Никола Груевски, е истиот што не донесува пресуди во случаите отворени од Специјалното обвинителство, ова е „правдата“ што денес ја пушти Катица Јанева во куќен притвор додека неправедно ги држи Фета Алими и другите Албанци за монтирани политички процеси – велат од партијата.
Според А.А. ова е уште една причина поради која правосудниот систем треба итно да се реформира, и дека сите судии, обвинители, но и јавни службеници треба да бидат подложени на процесот на ветинг и треба да одговорат за нивниот професионален и морален кредибилитет. Овој систем на правда, со партиски судии и обвинители избрани од партиските канцеларии на ВМРО-ДУИ-СДСМ, станува главна пречка што го загрозува животот во нашата земја, безбедноста на граѓаните и интеграцијата на во ЕУ.