Институциите да зрекуваат казни доколку некој работодавач бара работникот да врати дел од исплатената минимална плата, изјави денеска премиерот Зоран Заев на денешното претстсвуање на платформата „Отворени финансии“.
Заев потсети дека со Кривичниот законик за ваков престап е предвидена казна затвор.
– Тоа не само што е незаконитост, туку е и зло. Да барате од работникот да врати дел од парите назад е зло. Зборуваме за плата од 14.500 денари, а сметките на четиричлено семејство се 10.000 со сите штедења. Законите предвидуваат затвор, ова е регулирано во Кривичниот законик . Апелирам до сите, Трудовиот инспекторат, Финансоовиот инспекторат, Финансиската полиција да се однесуваат според законите и да санкционираат вакво однесување – рече Заев.
Тој додаде дека работниците треба да се охрабрат и да ги пријавуваат работодавачите кои им бараат дел од платата назад.
– Тука им е секој медиум, има можност за заштитеност на нивниот идентитет, има можност да си го ангажираат синдикатот, анонимно да контактираат со инспекции, да се јават во мојот и во кабинетите на министрите – рече Заев.