ВМРО-Народна партија бара Државната изборна комисија да ги исклучи од претстојниот изборен процес политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ поради кршење на изборниот законик односно поради отпочнување на предизборна кампања вон законскиот рок, соопшти партијата.
– Со ваквите чекори не само што се урнисува демократската атмосфера и процес туку и се дискриминираат помалите политички партии со што државата свесно се вовлекува во нефер предизборен процес односно кампања која треба да започне приближно дваесет дена пред закажаниот ден за избори – велат од ВМРО-НП.