Разрешувањето на Покетино ќе го чини Тотенхем околу 20 милиони фунти

255
ФОТО: EPA / James Boardman

Тотенхем ќе мора да му плати отштета на досегашниот тренер Маурисио Покетино. Премиерлигашот вчеравечер го смени Покетино со Жозе Мурињо на тренерското место.

Според „Индипендент“, Спарси ќе платат 12,5 милиони фунти за Аргентинецот за предвремено раскинување на договорот. Земајќи ги предвид исплатите на неговите асистенти, кои исто така ќе го напуштат тимот, вкупниот износ на исплати за компензација ќе изнесува околу 19,6 милиони фунти.

Покетино го предводеше клубот од Лондон на 293 натпревари.

Минатата сезона тој ја однесе екипата до финалето на Лигата на шампионите.

ФОТО: EPA / James Boardman

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...