Фрчкоска: Русковска врши притисок на судот

466

Одлуката на апелација за укинување на мерката притвор и замена со куќен притвор и мерки на претпазливост е сосема законска и целосно оправдана, вели во изјава за „360 степени, Ирена Фрчкоска, адвокатка на Катица Јанева.

„Мораме да кажеме дека сме зачудени, обвинителството е странка во постапката и секоја ваква реакција се смета за притисок врз судот и неговите одлуки. Ова е непримерно и го поткопува принципот на владеење на правото. Од друга страна, не зачудува ваквата реакција на одлуката за Јанева, ако се знае дека истото тоа обвинителство даде согласност за определување на мерка куќен притвор за Зоран Милевски пред речиси два месеца, од нејасни и непознати причини – вели Фрчкоска за реакцијата на обвинителката Вилма Рускоска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...