„Љубојна“ ќе одржи (unplugged) акустичен концерт за првпат пред македонската јавноста 22 декември со почеток од 19:30 во Националната опера и балет.
Ова е вистинска прилика за публиката, во една уникатна атмосфера да ги слушне сите големи хитови на „Љубојна“.
Во моментите кога во медиумскиот етер е актуелен спотот за синглот „Севдо Ле“, кој е последното остварување на „Љубојна“, овој настан е уникатна можност за вистинско предновогодишно уживање.
– Акустичното Е за Душа
– Акустичното Е за Мерак!
Влезниците се во продажба од 22 ноември (петок) преку продажната мрежа на www. kupikartizase.com