МВР: Никогаш нема да се прифати изградба на кампови во нашата држава

357

Министерството за внатрешни работи целосно ги демантира лагите и дезинформациите пласирани во одредени медиуми за некаква изградба на кампови за мигранти на територијата на Република Северна Македонија. Станува збор за лага со цел да се манипулира јавноста, соопштија вечерва од Министерството. 

Како што се нагласува во соопштението, на министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ- Западен Балкан што денеска се одржа во Скопје, темата воопшто не беше разговарана, а ставот на МВР и Владата на Република Северна Македонија е јасен и дециден дека никогаш нема да се прифати изградба на кампови на територијата на нашата држава.

– Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите лажни вести- нагласуваат од МВР. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...