Под лупа ќе биде чекмеџето на судиите кои донеле одлука Катица Јанева да биде пу штена во куќен притвор.
Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал, Вилма Русковска најавила дека ќе има финансиска истрага за судиите од Апелациониот суд кои ја пуштиле Јанева во куќен притвор, објави А1on.mk.
Taa не знаe кои се судиите кои го потпишале решението.
– Ние донесовме негативна одлука. За советот што ја донесе одлуката за куќен притвор ќе отвориме финансиска истрага. Со вакви судии нема место во ЕУ – изјавила Русковска за А1он.мк.