Јанева излезе од затворот во Шутка во домашен притвор  

1965

Апелацискиот суд во Скопје ја уважи жалбата на екс претседателката на Специјалното обвинителство и таа денеска излегува од затворот во Шутка во домашен притвор, и тоа во станот на нејзиниот син, за кој тој поседува имотен лист.

Од Апелација велат дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева, на тоа укажувала лекарската документација.

За да излезе од притвор, Јанева нудеше гаранција во имот. Таа беше уапсена како осомничена за случајот „Рекет“ на 21 август годинава, по што судот и одреди мерка притвор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...