Српскиот кантавтор Жељко Јоксимовиќ е во среќен брак со убавата српска водителка Јованa, а сега открил што пресудило за да се вљуби во неа.
– Кога се запознавме, Јована еднаш ме возеше, имаше некој супер бесен автомобил и тоа е ексклузивно за вас. И таа така ме вози, и јас само онака ја отворам фиоката за да видам што има напред и, се разбира, имаше некои „дивјаци“, ЦД-а на кои не пишуваше ништо и, се разбира, моето ЦД. Тоа беше пресудно! Извесно време се двоумев, но кога го видов ЦД-то, тоа беше сигурно – рекол Жељко за српски „Телеграф“.
Јована признала дека обожава музика, но дека баш и нема слух.
– Децата се на Жељко – заклучила таа.
Јована и Жељко ја започнаа својата врска во февруари 2011 година, а се венчаа веќе на почетокот на следната година на Малдиви. Имаат три деца: синот Коста и близначките Ана и Срна.