„Гугл“ тајно ги собира здравствените податоци на корисниците!

Како што се наведува, „Гугл“ податоците ги презема од „Асеншн“, кој претставува втор најголем здравствен систем во САД.

126

Компанијата „Гугл“, навидум без дозвола, ги собира деталните здравствени податоци на милиони жители на Соединетите Американски Држави, пишува „Волстрит журнал“.
Како што пишува угледниот весник, моќната компанија за тоа не ги информирала ни граѓаните, односно пациентите, ниту нивните лекари.

Како што се наведува, „Гугл“ податоците ги презема од „Асеншн“, кој претставува втор најголем здравствен систем во САД.

„Гугл“ си собира информациите за резултатите од лабораториските анализи, дијагнози и дневниците за хоспитализирање. Исто така, ги собира анамнезите за поедини лица од нивните имиња и датумите на раѓање.

„Гугл“ овој проект го нарекува „Најтингел“ и негова цел е да креира нов софтвер воден со вештачката интелигенција, а кој, се претпоставува, ќе служи за целите на идните апликации за следење на здравјето и општата состојба на корисниците.

Иако ова се чини како нарушување на приватноста, американското законодавство им дозволува на болниците да споделуваат податоци за пациентите, под услов причината да е зголемување на ефикасноста на пружањето на здравствените услуги.

Gugl Kina-EPA-EFE-ROMAN-PILIPEY

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...