Годишен извештај на Стејт департментот за човековите права: 27 април во фокусот за Македонија

211

Стејт департментот го објави извештајот за човековите права во кој за Република Македонија нагласува дека на 31 мај минатата година Парламентот избрал нова Влада предводена од СДСМ со што се ставил крај на неколкумесечниот процес на формирањето на Владата.

– На 27 април 2017 година, откако мнозинството во Парламентот го избра Талат Џафери за претседател, демонстрантите го нападнаа Собранието што резултираше со повреди на седум негови членови. Медиумите објавија дека припадници на Министерството за внатрешни работи им помагале на демонстрантите и не ја исполниле својата должност да ги штитат членовите на Парламентот. Министерството ги казни полицајците кои не ги исполниле своите должности, вклучително отпуштање осум полицајци – се вели во извештајот.

Во најновиот извештај на Стејт департментот се нотира дека како одговор на изборот на новиот претседател на парламентот на 27-ми април, околу 200 демонстранти провалија преку полициски кордон, влегоа во зградата на парламентот и ги нападнаа новинарите и членовите на Парламентот. Истрагата на Министерството за внатрешни работи за настаните од 27 април заклучи дека некои вработени ја узурпирале својата службена положба и не успеале соодветно да ги заштитат членовите на парламентот и новинарите. Како резултат на истрагата, 180 полицајци беа испрашувани, осум беа отпуштени, 43 беа суспендирани, а 70 дисциплински постапки се во тек.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...