Продолжи судењето на мажот обвинет за убиство на Британката Грејс Милан во Нов Зеланд, пренесува „Метро“.
Дваесет и седумгодишникот, чиј идентитет не е познат, тврди дека смртта на Грејс за време на сексот е несреќа. Тие се запознале на апликацијата Тиндер во декември минатата година.
Денес судот слушна дека Грејс била активна на БДСМ сајтови за запознавање и му дозволувала на поранешниот партнер да ја дави за време на секс.
Поранешниот на Грејс на суд кажал дека имале код и сигнали за време на сексот, со помош на кои таа никогаш не била во опасност.
– Грејс и јас се договоривме да ги раширеме рацете на двете страни од вратот, никогаш во средина. Имавме и зборови-кодови, на пример „желка“ или нешто смешно. Тука беше и удирањето, ако таа ме удри три пати, јас ќе престанев да ја давам – рекол тој, а во судот неговата изјава била прочитана, со цел да му се заштити идентитетот.
Според неговите зборови, таа го удирала еднаш во четири случаи.
– Грејс беше сигурна во ова, а јас знаев дека ако притиснам повеќе, таа ќе ми даде знак. Бевме многу внимателни и зборувавме и за психолошките аспекти со практикување на БДСМ – додал тој.
Извештаи од полицијата покажаа дека Грејс била активна на БДСМ сајтот „Whiplr“ еден час пред да се сретне со обвинетиот пред казино во центарот на градот.
– Сите докази покажуваат дека госпоѓицата Милан била прекрасна, ведра, интелигентна млада жена, што навистина е така. Тоа е нејзината репутација и тоа би требало да остане така од почетокот до крајот на ова судење. Фактот дека ние треба да дискутираме за тоа што сакала таа да прави во спалната соба, не треба да остави било каква трага врз нејзината репутација – рече Рон Мансфилд од одбраната.
Манфилд тврдеше дека обвинетиот не повикал помош, се ослободил од телото на Грејс и лажел во полиција бидејќи бил во паника.
– Тој можеби мислел дека нема да му се верува на неговите зборови, не му покажувајте дека бил во право – додаде Манфилд.
Иан Бруки, исто така од одбраната, кажа пред судот дека Грејс испила шест коктели, текила и некои измешани пијалоци со обвинетиот додека биле на состанок.
Според доктор Гараван можеби токму тоа е причината за смртта, бидејќи пијана личност не е способна да размислува за сигурноста, нешто што ќе го вознемири некој кој се бори за здив.