Селекторот на Ерменија понуди оставка по дебаклот со Италија

104
ФОТО: EPA /CARMELO IMBESI

Селекторот на Ерменија, Абрахам Кашмајан ја презема одговорноста за катастрофалниот пораз (1:9) од Италија во квалификациите за ЕУРО 2020. Тој изјави дека е подготвен да си замине од репрезентацијата.

– За жал, играта со Италија ја отсликува сликата на ерменскиот фудбал во моментот. Јас ја преземам одговорноста за поразот, тоа е моја вина. Игравме без многу наши талентирани фудбалери. Ако Федерацијата одлучи дека јас сум одговорен за овој пораз, тогаш сум подготвен веднаш да си заминам – изјави Кашмајан.

Ерменија квалификациите ги заврши на 5. место во Ј-групата со три победи, еден нерешен резултат и шест порази.

ФОТО: EPA /CARMELO IMBESI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...