Иако се разведоа пред три години, Џони Деп и Амбер Херд уште не ги расчистиле односите.
Славниот актер одлучил да ја тужи Херд поради измама и тоа за износ од 50 милиони долари, но тоа не ја спречило и понатаму јавно да го прозива поради насилство во бракот.
Обвинувањата на сметка на актерот Џони Деп (56) од страна на неговата поранешна сопруга актерката Амбер Херд (33), се уште се гласни. Поради тоа актерот постојано е под будното око на јавноста. A, сето тоа не можела да го издржи неговата нова избраничка.
На почетокот на годината на Деп беше уловен во страсна прегратка со непозната убавица во хотел во Белград. Кратко потоа откриено е дека станува збор за руската танчерка Полина Глен, а странските медиуми тогаш тврдеа дека Џони планира да се венча со неа.
Сепак, љубовната среќа не траела долго.
Постојаниот притисок врз нејзиниот партнер и животот под лупата на јавноста ѝ здодеал на згодната бринета, па се отселила од нивниот заеднички стан во Лос Анџелес.
Како што наведуваат странските медиуми, Глен одлучила да го остави Деп и да „побегнела главно без објаснување“ во родниот Санкт Петербург.
FOTO: Instagram/Printskrin