Гостувајќи во 24 Тренд анализа, академикот Таки Фити се осврна на бриселското „не“ и на „нон пејперот“што го испрати официјален Париз. Според него, се уште не се знае реакцијата на другите земји членки и дека Македонија платила политичка цена, со промената на името, а за возврат добила одложување на преговорите од ЕУ.
– Залогот беше многу голем, ние го сменивме името. Не успеав да го прочитам нон пејперот, но од она што го слушам, условите се заоструваат и дел од принципите што сега се промовираат, постоеле и порано и секогаш имаше проблемите со земјите шпто пристапуваат. Типичен пример е Бугарија, ги засили институциите – изјави ечерва за 24 Тренд анализа академик Фити.
Тој потсети и на преговорите од минатото кога името беше пречка за преговорите и дека и Бугарија може да не блокирана поради нерешени прашања. ЕУ инсистира да не може да влезат земјите кои имаат билатерални проблеми кои може да се одразат и во ЕУ. Заради тоа, Македонија морало да ја плати таквата цена и вложила многу за добивањето на датумот.
Во однос на МАНУ, академик Фити потенцираше дека МАНУ не го одмолче ова, туку имал јасен став кон Преспанскиот договор и за договорот со Бугарија и потребата на јазиците.
– Тешко доаѓаат информациите од МАНУ до јавноста. Ние допревме до јавноста преку нашите научни трудови, конференции за анализа и елаборација на договорите со Грција и Бугарија, за предностите од нашиот јасен курс да се движиме кон европскиот курс – рече акадамик Фити.
Последниот став на МАНУ за договорот со Бугарија, тој истакна дека МАНУ придонесе да се склучи тој договор и во рамките на тој став ја интензивирале соработката со бугарската академија на науките и воспоставиле одлични односи со нивните академици.
Во рамки на тоа, тие немаат и проблем со јазикот. Според него, бугарските академици придонеле и да се реши проблемот со јазикот.