Тренерот кој доби отказ по победа од 27:0, не гледа вина кај себе

279

Веста дека тренерот на италијанскиот младински фудбалски тим Инвиктисауро, бил избркан после победа од 27:0, ги изненади сите до кои дојде информацијата.

Тренерот Масимилијано Ричини, вели дека според него резултатот не е во спротивност со вредностите на младинскиот фудбал.

– Што требаше да направам? Да барам од моите играчи да му попуштат на противникот и да му дозволат да ни даде гол? Ќе беше поголема срамота ако само си додававме и ја чувавме топката. На полувреме го прашав тренерот на Марина Калчо дали сака да го прекинеме мечот. Тој ме замоли да продолжиме,  изјави Ричини, кој верува оти родителите ќе го убедат претседателот да ја повлече одлуката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...