Зад секој успешен човек стои неговиот татко – стечаен директор на фабрика во транзицијата.
***
Можда телохранителов на Мијалков заминал да отвори задграничен комитет за новата партија на шефот и ќе се врати…100 посто.
***
Ако Елон Маск направи вселенска програма за колонизација на Марс со 350 милиони евра, а ние (засега) потрошивме над пола милијарда на 60 км автопат, дали тоа значи дека поевтино е да ја поврзеш земјата со Марс, отколку Охрид со Кичево?!
***
Шо знам, порано некако не се интересиравте колку е животниот век на дрвото, од што било болно, како се исушило, зошто… туку одма му ебевте мама на Коце.
Ама добро, сега се други, прогресивни времиња.
***
Да беа европски цреши да се буните, ама за јапонски…
***
Специјално за азилантот во Будимпешта-та-та-та…
Одиме со песната: Жете мили жете!
***
„Груевски ќе се жени по трет пат, сега со Унгарка“.
Маленко и Грујо. Тие се шмекерите и казановите во земјава.
***
Не е проблем шо немат љуѓе.
Проблемот е шо имат многу поќе нељуѓе.
***
За 155 милиони евра – делото застарува.
За 50 дени на сметка од пред 20 години – ќе те искинат извршители.
И викате, правда за сите, а?
***
Реално, не ни остана нешто за што би протестирале, пошо овие сѐ средија.
***
Секако дека може да се помине месецот со 17 илјади, ама ако нема камери во најблиската продавничка.
***
На денешен ден е ослободено Скопје.
МВР работи на идентификување на засега непознатиот окупатор.
***
Скопје е ослободено… од култура, добри манири, дрвја и зеленило, чист воздух…
***
Добро утро до сите борци против фејк њуз, истите тие што досега пет пати го прославија добивањето на датум за преговори.
***
Сѐ тргна наопаку од ко Јове Кекеновски ја остај хармониката и се фати за политика.
***
Првиот што ќе ја истетовира Мира Дизел, добива полн резервоар гориво и бесплатен пролаз на сите патарини на сметка на Собранието.
***
Бизнис идеја: салон за депилација на мажи што возат електричен тротинет.
***
Во Кисела Вода ќе се градат 100 нови згради за 20 илјади луѓе ќе се градат.
Ок 100 згради – ќе ги изградите, туку 20 илјади луѓе кај ќе најте?!
***
Добро утро до сите борци против фејк њуз, истите тие што досега пет пати го прославија добивањето на датум за преговори.
(Колумни на Иљче Затаракоски, познат охрудски мрчатор)