Повеќе од седум милиони луѓе под 18 години се наоѓаат во затвори и полициски притвор низ целиот свет, покажа студија на ОН.
Соединетите Американски Држави имаат најголема стапка на деца во затвори во светот, вклучувајќи ги и повеќе од 100.000 во имиграциски притвор, што претставува кршење на меѓународното право, стои во студијата.
– Во светот има повеќе од седум милиони луѓе под 18 години кои се во затвор и полициски притвор, вклучувајќи и 330.000 во имиграциски притвор, изјави независниот експерт Манфред Новак.
Според Глобалното истражување на ОН за деца лишени од слобода, децата треба да бидат задржани во притвор „само во крајна нужда и на најкус можен рок“.